Подови за индустријата за преработка на млеко
Quartzline предлага подови со голем квалитет за фирмите што се занимаваат со преработка на млеко, кои што осигуруваат долготрајно и безбедно користење.
Преработката на млеко и производството на млечни производи е предуслов за настанување на агресивна средина кон подовите. Интензивната работа води до некои чести проблеми:
- Услови за образување на бактерии;
- Лизгав под;
- Секојдневна употреба на сол и хемиски препарати кои ги компромитираат подовите;
- Сериозни температурски амплитуди;
- Механичко оптеретување.
Изборот на специјализирани подови за оваа индустрија е од исклучително значење за надминување на наведените проблеми. Поставениот од Quartzline под овозможува одржување на добра хигиена, при што го запира навлегувањето на отпад и го дозволува нивното брзо чистење. Условите за развој на микроби и бактерии се сведени на нула. Основна задача на поставените од Quartzline подови е – безбедна и небактериална работна средина.
Предности на подовите на Quartzline за индустријата за преработка на млеко:
- Ги исполнуваат барањата за производство на храни – со заоблени агли, без фуги и бактерии,
- Отпорни на хемиски препарати и киселинска агресија,
- Погодни за миење со вода и со пареа,
- Обезбедуваат непречено движење со високо оптоварување,
- Не се лизгаат и создаваат услови за безбедна работа,
- Отпорни на износување и механичко влијание,
- Не се уништуваат од сериозни топлински амплитуди,
- Можност за поставување над делумно оштетени подови,
- Различни премази и бои.
Завршени проекти на Quartzline во фирмите од индустријата за преработка на млеко
- ДАНОН – 2 000 кв.м.
- Мандра Лесидрен – 1 400 кв.м.
- Млекокомбинат Карлово – 2 000 кв.м.
- Мандра Монтана – 500 кв.м.
- Монита, гр. Димитровград – 100 кв.м.